Вести
Нова web презентација на групацијата "MЛАДОСT"
17. jуни 2011
Почитувани посетители, како дел од промотивните активности, а со цел што поквалитетно презентирање на нашата производна програма, поставена е и нова web презентација на групацијата "MЛАДОСT".
Спонзор на Кросот на РТС
20. мaj 2011
На свеченоста во белградскиот хотел Мажестик, озваничено е дека на овогодинешниот Крос на РТС низ Србија трчале рекорден број на учесници во 149 општини и градови од нашата земја...
Саем на градежништво, енергетика, техника, дрвна индустрија - EXPOKOS во Приштина
18. мaj 2011
Групацијата фабрики за производство на производи од груба керамика "MЛАДОСT" учествува на 10. Саем на градежништво, енергетика, техника, дрвна индустрија - EXPOKOS во Приштина од 18. дo 21. мај 2011.година.
ЗА НАС
Профил
MЛАДОСT е еден од најголемите и најважните производители на градежен материјал во регионов, познато име на пазарот, синоним за квалитетни керамиди и блокови за ѕидање и меѓуспратни конструкции кои што благодарејќи му на квалитетот го пронајдоа патот до задоволните корисници на целата територија на Србија, Косово, но и на пазарот во Македонија, Бугарија, Романија, Албанија, Црна Гора, …
Koмпанијата е составена од три фабрики стратешки лоцирани на југот на Србија:
- Производство на керамиди
ИГM MЛАДОСT д.o.o., Лесковац - Производство на блокови
ИГM MЛАДОСT - TMП д.o.o., Maлa Планa
ИГM MЛАДОСT - РАД a.д., Власотинцe
Во периодот од 2007-2010. година во континуитет, во сите три фабрики се спроведени големи инвестиции. Од посебно значење се инвестициите во најсовремената технологија и опрема, потоа во градежните објекти, организацијата, осовременувањето на сите процеси во работењето, маркетинг човекови ресурси. Со сите наведени инвестиции од година во година, значително се зголемува обемот на производството, кој што паралелно се следи со адекватно ширење на пазарот и порастот на побарувачката за производите на Младост.
Со последната инвестиција од крајот на 2010. и почетокот на 2011. година, инвестицирачкиот циклус е крунисан со инсталација на клучната опрема која што ќе овозможи значително подобрување на квалитетот, квантитетот и асортиманот на производството, а се со цел задоволување на потребите на нашите купувачи.